Приведен службеник од Агенцијата за вработување во подрачната единица во Прилеп, под сомнение за примање поткуп. Како што информираше полицијата вчера во 17.15 часот лишен е од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”.

-Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрала и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што појасни полицијата службеникот од Агенцијата за вработување поткупот го барал со објаснување дека ќе му ја укинат социјалната помош, бидејќи од  здравствени причини одбил работно место во фабрика во Битола.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.