Дваесет и осумгодишен државјанин на Словенија е лишен од слобода во Охрид поради сомнение дека физички ја нападнал својата 21-годишна девојка во станот во кој престојувале.

Од СВР Охрид информираат дека на 26 јули 2026 година во 06:30 часот, пред казино на улицата Абас Емин во Охрид, полициски службеници го лишиле од слобода К.Г. (28) од Словенија.

Полицијата постапила по претходна пријава дека во станот во кој престојувале во Охрид, осомничениот агресивно се однесувал и физички ја нападнал својата 21-годишна девојка.

По преземените мерки, Основниот суд во Охрид му определил мерка притвор во траење од осум дена, по што бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.

The post СЛОВЕНЕЦ ЈА ТЕПАЛ ДЕВОЈКАТА И ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР Драма во Охрид, странец пријавен за насилство appeared first on plusinfo.mk.