
Гувернерот на Народна банка, Трајко Славески реагираше на забелешките на лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, околу настаните со Алта банка од Србија и нејзината „ќерка“ во Македонија Алта Банка од Битола. Филипче ја критикуваше одлуката на НБ граѓаните да можат да подигнуваат 10.000 денари неделно, а, како што вели, за правните лица да нема такви ограничувања.
„Почитуван докторе, разумен човек уште веднаш “хируршки” би го отстранил/избришал овој срамен пост. За да не се срамите кога утре Службен весник и еден дневен весник ќе го објават Решението за воведување на Алта банка АД Битола во администрација. И на попладневниот прес за темата тоа беше објаснето, но еве да повторам: За разлика од физичките лица, правните лица нема да можат да повлекуваат средства од сметките во Алта банка АД Битола. Тие единствено ќе можат да вршат пренос на парични средства, во неограничен износ, на сметки на други клиенти во Алта банка АД Битола“, порача Славески на социјалната мрежа „.Х“.
Почитуван докторе, разумен човек уште веднаш “хируршки” би го отстранил/избришал овој срамен пост. За да не се срамите кога утре Службен весник и еден дневен весник ќе го објават Решението за воведување на Алта банка АД Битола во администрација.
И на попладневниот прес за темата тоа беше објаснето, но еве да повторам:
За разлика од физичките лица, правните лица нема да можат да повлекуваат средства од сметките во Алта банка АД Битола. Тие единствено ќе можат да вршат пренос на парични средства, во неограничен износ, на сметки на други клиенти во Алта банка АД Битола.Јасно е сега?
— Trajko Slaveski (@TSlaveski) November 1, 2026
Итна реакција од институциите и одговорност за сите инволвирани во процесите поврзани со Алта банка побараа од СДСМ. Според опозициската партија, Народната банка мора да ги преземе сите законски мерки, а Обвинителството да отвори постапка и да утврди кој овозможил вакви случувања и кој треба да понесе одговорност.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче тврди дека со ваквата одлука парите на граѓаните ќе останат заробени, додека партиските фирми, како што ги нарекува, ќе можат да ги повлечат своите средства.
„Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат, а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени“, напиша Филипче.