Во Салон 19’19 при Културно-информативниот центар во Скопје, од вечерва до недела ќе се одржат три камерни концерти со домашни и странски уметници.
Вечерва ќе настапи Алтус НЗ Ансамбл со концертот „Континуитет“, под диригентство на Ана Спасовска, со дела од македонски и светски композитори.
Утре италијанската пијанистка Мариа Летиција Микиелон ќе одржи рецитал „Бетовен за пијано“, посветен на доцниот творечки период на славниот композитор. Во недела, пијанистот Тоше Поп-Лазаров ќе го изведе рециталот „Музички епилог низ вековите“, со дела од Шуберт, Шопен, Штраус и Стојан Стојков.
Сите концерти започнуваат во 20:30 часот.
The post „Скопско лето“ продолжува со три ексклузивни камерни концерти appeared first on Скопско ЕХО.