Најновиот здравствен биланс покажува дека 33 лица биле повредени во силното невреме што го зафати Скопје. Иако полицијата првично соопшти дека има десет повредени, не станува збор за нови несреќи, туку за вкупниот број граѓани кои до следниот ден побарале лекарска помош во скопските болници.Разликата меѓу двата податока произлегува од времето и начинот на евидентирање. Министерството за внатрешни работи до 22 часот регистрирало десет повредени во настани пријавени во полицијата, додека Министерс