По загриженоста што се појави во јавноста по случајот со загадената вода во Гостивар, од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје уверуваат дека водата во главниот град е целосно безбедна за пиење.

Од претпријатието велат дека акредитираните лаборатории секојдневно земаат примероци од 36 мерни места низ Скопје, како и од бунарскиот потег Нерези-Лепенец, кој е
дел од системот во летниот период. Според нив, сите досегашни анализи потврдуваат дека водата ги исполнува законските и здравствените стандарди за квалитет и безбедност.

Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните да не подлегнуваат на непроверени информации и гласини кои создаваат непотребна паника.

Претпријатието потсетува дека Скопје се снабдува со вода од еден од најквалитетните природни извори во регионот, кој е под постојан лабораториски и стручен надзор.

The post Скопски водовод смирува: Водата во главниот град е безбедна за пиење appeared first on Прва Скопска ТВ.