Скопската Зоолошка градина доби нови постојани жители – подмладок кај белите волци.

Од ЗОО Скопје информираат дека кај белите волци пристигнале две мали волчиња, кои веќе го привлекуваат вниманието на целиот тим. Станува збор за сè уште нежни младенчиња кои најмногу време го поминуваат покрај својата мајка, која внимателно се грижи за нив.

„Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа, токму како што тоа природно го прават во дивината, каде што првите денови од животот ги поминуваат скриени и заштитени“, информираат од Зоолошката градина.

Оттаму додаваат дека фотографиите се направени во ретки моменти кога младенчињата излегуваат, љубопитно го истражуваат просторот и потоа повторно се враќаат во сигурноста покрај мајката.

The post Скопската Зоолошка градина доби нови жители – две бели волчиња appeared first on Прва Скопска ТВ.