Скопје денес одбележа 63 години од катастрофалниот земјотерс во кој животот го загубија над илјада луже, а голем број домови беа урнати. Со цвеќе, изложби и концерт Градот Скопје им оддаде почит на луѓето, кои загина на 26 јули 1963 година кога во 5.17 часот Скопе го погоди силен земјотрес.

Делегација од Градот и Владата положија свежо цвеќе на споменикот на жртвите.

-За само неколку секунди беа згаснати повеќе од илјада човечки животи, разурнати домови и разделени семејства. Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет. Денес, со длабока почит, се поклонуваме пред споменот на жртвите, изјави Ѓорѓиевски.

Во Старата скопска чаршија беше откриена спомен-плоча на полскиот архитект и планер Адолф Циборовски, кој учествувал во обновата на Скопје. На настанот во Старата скопска чаршија покрај скопскиот градоначалник присуствуваа и градоначалникотна Чаир Изет Меџити и Јулија Циборовски, внуката на Циборовски.

Ѓорѓиевски рече дека со спомен-плочата му оддаваат благодарност за неговиот придонес во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес и за неговата посветеност на зачувувањето на историското наследство на градот.

-Денешната спомен-плоча е мал, но значаен чин на благодарност кон човекот кој помогна да се зачува духот на Старата скопска чаршија. Наша обврска е да ја чуваме, да ја унапредуваме и да им ја оставиме на идните генерации како сведоштво за градот кој знае да се развива, но никогаш не ги заборава своите корени, изјави Ѓорѓиевски.

Одбележувањето на годишнината од земјоитресот продолжува со отворање на две изложби во МУзејот на Градот Скопје, а ќе заврши со концертот „Скопје радост моја“ посветен на шлагерите на Драган Мијалков, кој ќе се оддржи вечерва во Градскиот парк.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во одговор на новинарско прашање рече дека одбележувањето на годишнината го почнале утрово со положување свежо цвеќе за загинатите од земјотресот, а дека денес заедно со градоначалникот на чаир Изет Меџити ќе откријат спомен биста на полскиот архитект и планер Циборовски, кој учествувал во обновата на градот по земјотресот.

-Во 19.30 часот имаме изложба во музејот на Град Скопје и завршува одбележувањето на годишнината од земјотресот со еден концерт на Драган Мијалковски во Градски парк со скопски евергрини препеани од него. Скопје е град на солидарноста, и ќе остане таков. Сметам дека сега се гради со многу посилен интензитет од минатото, изјави Ѓорѓиевски.