Природата или надлежните – кој е виновен за штетата од вчерашното невреме кое го зафати Скопје и голем број други места низ Македонија. Поплавени домови, однесени покриви, скршени прозорци, оштетени возила, откорнати дрвја и семафори. Интензивнотo невреме направи хаос во метрополата. Граѓаните се жалат дека долг период има дозвола за сечење на нестабилно дрво, а градските власти не реагираат.

За дел од советниците во општината Карпош, која е една од најпогодените во Скопје, гревот е на две страни, дел имаат вина и Град Скопје и општините. Според советникот од СДСМ, Владимир Бислимовски, со време требало да се саанирааат дрвјата кои што требало да се сечат.

-Тоа што е паднато како старо и не е исечено, гревот е на општините, но и Градот Скопје треба да даде дозволи за сечење, не е едноставно. Треба да си преземаат одговорност по ова прашање, вели Бислимовски за „Локално“ и додава:

„Очигледно не се врши надзор. Имав можност да прошетам после невремето и има работи кои што не се запазени. Има градилишта низ Карпош каде што треба да се преградат и да се работи како што треба. Мене посебно ми смета ова со дрвјата, има многу стари гранки кои се паднати затоа што не се сечени со време. Се знае чија е вината во вакви ситуации“.

Владимир Бислимовски

За нерасчистеноста и дрвјата и гранките кои се уште стојат по улиците и тротоарите, Бислимовски вели дека утринава се изненадил од фактот што кај ОУ „Димо Хаџи-Димов“ во скопско Влае се уште имало дрво кое што стои паднато од вчера.

-Стои на улица, колите се качувааат по тротоари за да завртат. Има места кои што не се расчистени и мислам дека синоќа требаше да почнат да ги расчистуваат. Мора да функционира, не може да биде само ради реда, за на хартија…Како ќе биде, веројатно поучени од ова што се случува, ќе видиме. Има и многу откорнати покриви, мора да се види и кој ги прави – дали се лиценцирани фирми кои внимаваат на стандарди. Мора инспекциски надзор. Има покриви кои се направени пред 50-60 години, на пример кај руските згради и се уште стојат, а новите претежно со лим што се, генерално се одлетани. Мора да се внимава, истакнува Бислимовски.

За советничката од „Независни за Карпош“, Татјана Стојановска, многу лесно го сфаќаме моментот дека како земја бевме ставени во една од земјите кои што потешко ќе бидат погодени со климатските промени. Во разговор за „Локално“ вели дека немаме преземено никакви превентивни акции за да видиме како можеме да се заштитиме од климатските промени кои што се појаки и поизразити.

-Тоа не е нешто што се често случува во Скопје и досега не сме се соочувале со вакви штети во градот. Секако дека природата има голема улога во тоа што се случи, но, превенцијата е неопходна, така што мора да се бара одговорност и во службите. Имаше големи промени и превирања во „Паркови и зеленило“, а има многу барања за остранување на критични дрвја кои можат да оштетат и кои стоеле повеќе од година дена, кои што не се реализираале. Тоа мора да се промени во иднина, истакнува Стојановска.

Таа посочува дека во однос на кастрењето на гранките, тоа е одговорност на самото ЈП кое е под Град Скопје. Информира дека комуналните служби на општините кои се во Скопје немаат никакви ингеренции за да ги зачуваат тие активности.

-Ако сакаме во иднина да имаме некакво реално покривање на такви штети, ќе мора или „Паркови и Зеленило“ да постапува многу побрзо или да се овозможи комуналните служби на локалните општини да реаагираат по однос на критичните дрвја. Не би барала вина туку бараме решенија. Тука најмногу е погодено „Паркови и зеленило“ бидејќи најголемата штета настана од откорнуваање на дрвја, потенцира советничката.

Татјана Стојановска

Во рамките на општините, а со тоа и на Град Скопје, постојат Комисии за безбедност, заштита и спасување. Запрашана дали Градот, општините и надлежните инспекциски служби вршат редовен превентивен надзор над градилиштата, објектите, инфраструктурата и урбаната опрема што можат да претставуваат непосредна опасност, Стојановска ги обвинува самите општини кои имаат свои градежни инспектори кои што мора да вршат многу поинтезивна контрола на градилиштата и издадените одобренија за градба.

-Неопходно е почесто присутно на терен и поголеми саанкции за неизвршување на активностите, според се што се бара за квалитет на градилиште и изградба. Проблем се и лимените покриви кои што се откачуваат- дали некој проверил. Градежен инспектор треба да ја провери дозволата и дали е се направено според стаандардите. За разликата од невремето и летањето на дрвјата, за покривите и заштитни огради на градилиштето, тука гледам голема вина во општинските служби и неспроведување на условите за градба, рече Стојановска, додавајќи дека како „Независни за Карпош“ се многу активни на темата за создавање на ЈП на самата општина.

-Неопходно е да имаме свои служби кои што многу повеќе ќе делуваат и поголеми плати за луѓето за поквалитетно да ја вршат работата. Вакво стихијно вработување и вработување на сезонски работници не дава резултати. Мораме да работиме на поголем број на комунаални работници и редари за да имаме помали штети при вакви случувања.

Вчерашниот ветер во Скопје, Штип и во Струмица имал јачина на оркан/ураган, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. „Оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118км/ч. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни разорувања и значајни штети во пошироки размери“, велат УХМР.

По невремето со силен ветер и дожд што вчера ја зафати територијата на Македонија, преку единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани. Во Скопје до 22 часот се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица.

Дваесет и две лица повредени во невремето што вчера го зафати главниот град побарале помош во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје, информира денеска директорот на болницата Небојша Настов. Двајца од нив, како што рече, биле примени на болничко лекување, додека другите се со полесни повреди.

Преку единствениот број за итни повици 112 по 17 часот биле регистрирани над 9 000 повици од граѓани, од кои најголемиот дел се однесуваат на последиците од силниот ветер и врнежи.

Н.П.