Воведувањето на седмиот авион на „Виз ер“ во базата на Меѓународниот аеродром Скопје претставува значаен чекор во развојот на авиосообраќајот во Македонија, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на промоцијата на новиот авион.Тој истакна дека скопската база на „Виз ер“ е трета по големина во мрежата на компанијата и изрази очекување дека во иднина ќе се искачи уште повисоко според бројот на авиони.„Ова е големо достигнување, со кое не можат да се пофалат ниту многу на