28-годишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од нејзината 56-годишна свекрва, која ѝ го оштетила и возилото, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, инцидентот се случил вчера околу 09:50 часот на подрачјето на Центар, кога свекрвата С. О. најпрво го оштетила нивното возило „пежо боксер“, а потоа со употреба на физичка сила ја извлекла од возилото и ја турнала на земја.

При падот, младата жена се здобила со тешка телесна повреда, која била констатирана во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

The post Скопјанка пријавила напад од свекрва, повредена завршила во болница, и го оштететила и возилото appeared first on Прва Скопска ТВ.