Министерството за внатрешни работи информира дека вчера попладне околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на селото Нова Брезница.

Според информациите, 36-годишниот В.М. од Скопје, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

The post Скопјанец повреден во сообраќајка на регионалниот пат кон ХЕЦ Козјак appeared first on Скопско ЕХО.