
Тепачката меѓу дел од фудбалерите на Аргентина и Шпанија по финалето на Светското првенство може да има сериозни последици за некои од учесниците. Аргентинскиот репрезентативец Тиаго Алмада е еден од играчите кои би можеле да почувствуваат последици поради своето однесување во инцидентот.
Фудбалерот на Атлетико Мадрид е ставен на трансфер-листа, а шпанскиот клуб е подготвен да разгледа понуди за негово заминување, иако во тимот пристигна пред само една година.
За 25-годишниот аргентински репрезентативец интерес покажале Ривер Плата од Аргентина и Фламенго од Бразил. Според информациите, Атлетико е подготвен да прифати една од понудите што веќе пристигнале за играчот.
Алмада, според наводите, е свесен дека по инцидентот тешко ќе го врати својот статус во клубот и е подготвен за нов предизвик. Најсериозна опција во моментов е трансфер во Фламенго, каде би потпишал тригодишен договор.
Вредноста на потенцијалниот трансфер се проценува на околу 20 милиони евра.
Алмада има искуство со играње во Бразил, каде претходно го носеше дресот на Ботафого, пред да се пресели во Атлетико Мадрид.
The post СКАПО ЌЕ ГО ЧИНИ ТЕПАЧКАТА ВО ФИНАЛЕТО Атлетико го стави Алмада на трансфер-листа по инцидентот со Шпанија appeared first on plusinfo.mk.