Кичевската полиција поднесе кривична пријава против 68-годишниот З.С. од кичевското село Другово, поради сомнение за сторено кривично дело „Насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, тој, додека извршувал работни задачи како професор во едно средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетна ученичка.

По нападот, ученичката се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кичево.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат понатамошни законски постапки.

The post СКАНДАЛ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ВО КИЧЕВО Професор пријавен за напад врз ученичка appeared first on plusinfo.mk.