Сите лица кои биле повредени во синоќешното невреме навремено добиле медицинска помош и се згрижени, информира министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека здравствените установи низ државата функционирале непречено и покрај последиците од невремето.Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје лекарска помош побарале 22 лица, при што двајца пациенти биле задржани на болничко лекување. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Одделот за трауматологија, биле примени 11 лица,