Здружените синдикати на Србија „Слога“ денеска побараа Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) итно да покрене „постапка за запирање на емитувањето на реалните шоуа кои се засноваат на насилство, понижување и најпримитивни облици на човеково однесување“.Тие исто така бараат да се испита и одговорноста на радиодифузерите и сопствениците за долгогодишното пласирање на вакви содржини, бидејќи националната фреквенција не е приватна играчка и не може да биде средство за остварување профит без