Шеесетгодишен жител на селото Гајре, со престој во Тетово, пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својот 34-годишен син, кој претходно од него барал пари.Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 8 јуни во 21:50 часот. Според пријавата, инцидентот се случил околу 16:30 часот во угостителски објект лоциран во близина на бензинска пумпа на улицата „Илинденска“ во Тетово.Синот Е.М. дошол во објектот и агресивно побарал пари од својот татко. Откако бил одбиен, почнал физички да го напаѓа, а потоа го удрил и со тврд предмет, при што му нанел телесни повреди.Поголем инцидент бил спречен благодарение на гостите кои седеле во близина и успеале да ги разделат.Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавеното лице и за целосно расчистување на случајот.Син со тврд предмет му нанел повреди на татко му бидејќи не му дал пари
Шеесетгодишен жител на селото Гајре, со престој во Тетово, пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својот 34-годишен син, кој претходно од него барал пари.Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 8 јуни во 21:50 часот. Според пријавата, инцидентот се случил околу 16:30 часот во угостителски објект лоциран во близина на бензинска пумпа на улицата „Илинденска“ во Тетово.Синот Е.М. дошол во објектот и агресивно побарал пари од својот татко. Откако бил одбиен, почнал физ...
Шеесетгодишен жител на селото Гајре, со престој во Тетово, пријавил во полиција дека бил физички нападнат од својот 34-годишен син, кој претходно од него барал пари.Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 8 јуни во 21:50 часот. Според пријавата, инцидентот се случил околу 16:30 часот во угостителски објект лоциран во близина на бензинска пумпа на улицата „Илинденска“ во Тетово.Синот Е.М. дошол во објектот и агресивно побарал пари од својот татко. Откако бил одбиен, почнал физички да го напаѓа, а потоа го удрил и со тврд предмет, при што му нанел телесни повреди.Поголем инцидент бил спречен благодарение на гостите кои седеле во близина и успеале да ги разделат.Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавеното лице и за целосно расчистување на случајот.