Силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер вечерва по 19:30 часот го погоди Струмичкиот регион и предизвика материјални штети на повеќе места.
Во селото Смолари се одделил и паднал дел од стариот јавор, а паднал и електричен столб, при што бил оштетен автомобил. Во населеното место има и прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Поради последиците од силниот ветер и обилните врнежи, на повеќе локации интервенираат пожарникарите од ТППЕ Струмица. Според првичните информации, нивните екипи интервенирале при пожар на штала во селото Висока Маала и пожар на сува трева во Муртино, како и при отстранување паднато дрво од коловозот во Ново Село. Засега нема информации за повредени лица.
Фотографиите се преземени од профилот на Марјан Христов Смоларски

The post СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ПОГОДИ СТРУМИЧКИОТ РЕГИОН: Паднати дрвја и електричен столб, оштетен автомобил и прекини на струјата appeared first on Radio StrumicaNet.