Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Колумбија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.Епицентарот на потресот бил на длабочина од 35 километри. Засега нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.Според сведочењата објавени на интернет-страницата на сеизмолошкиот центар, земјотресот бил силно почувствуван, но траел кратко.