Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Земјотресот бил регистриран во 7:15 часот по локално време, а епицентарот бил на отворено море, јужно од Нагоја, на длабочина од дури 325 километри.Засега нема извештаи за повредени лица или материјална штета.По земјотресот не е издадено предупредување за опасност од цунами.