Само шест месеци ве делат од вашата заштеда! ПроКредит Банка, како стабилна и сигурна банка со повеќе од 20 години традиција на нашиот пазар, нуди промотивна можност за штедење на краток рок, со атрактивна и фиксна каматна стапка до 3,60% за депозити во денари.

Со новиот Промо депозит на ПроКредит Банка можете да ги орочите средствата на 6 месеци, со фиксна каматна стапка до 3,60% за денари или до 2,60% за евра. Така, вашата заштеда заработува во период што можете полесно да го усогласите со своите поблиски планови.

Посакуваната камата за краток рок: До 3,60% за депозит на 6 месеци

Краткиот рок е особено практичен кога знаете дека средствата ќе ви бидат потребни во блиска иднина, а сепак не сакате да се откажете од можноста истите да ви донесат дополнителна заштеда. Уредување на домот, образование или планирано купување – секој план е валиден, а додека се подготвувате за следниот чекор, вашата заштеда може да ви носи фиксна камата од 3,60% во краток рок.

“Клиентите повеќе не треба да избираат помеѓу краток рок и висока каматна стапка. Нашиот одговор на нивните потреби е поголема флексибилност, но и сигурност кога ни ја доверуваат својата заштеда. Овозможивме каматните стапки кои порано беа достапни само за долгорочно штедење, сега да важат и за период од шест месеци. Како стабилна банка со германски капитал и повеќе од 20 години присуство на нашиот пазар, сакаме на клиентите да им понудиме не само атрактивен принос, туку и доверба дека нивната заштеда е во сигурен и искусен партнер“, истакнуваат од ПроКредит Банка.

Каматната стапка до 3,60% за депозит во денари и до 2,60% за депозит во евра останува фиксна во текот на договорениот период, што ви овозможува однапред да го знаете очекуваниот принос. Каматата се исплаќа секој месец, па приходот од заштедата го добивате во текот на орочувањето.

За подолгорочните планови, уште повисока камата

Доколку располагате со средства што можете да ги издвоите на подолг период, Промо депозитот нуди и можност за орочување на 25 месеци, со уште повисока фиксна годишна каматна стапка до 3,80% за денари или до 2,80% за евра, зависно од износот и начинот на орочување.

Така, можете да изберете меѓу шестмесечно орочување за поблиските планови и подолг период со повисока каматна стапка за целите што бараат повеќе време.

The post СИГУРЕН ИЗБОР ЗА ШТЕДЕЊЕ, СО КРАТОК РОК И ВИСОКА КАМАТА: first appeared on КАПИТАЛ.

The post СИГУРЕН ИЗБОР ЗА ШТЕДЕЊЕ, СО КРАТОК РОК И ВИСОКА КАМАТА: appeared first on КАПИТАЛ.