Северна Кореја најавува ново засилување на својата нуклеарна програма, откако лидерот Ким Јонг Ун побара значително зголемување на производството на нуклеарен материјал за оружје и натамошно јакнење на арсеналот на земјата.Според државната новинска агенција КЦНА, Ким за време на посетата на нов производствен капацитет изјавил дека во изминатите пет години капацитетите на земјата за производство на нуклеарен материјал за воени цели се повеќе од двојно зголемени.Тој нагласил дека овој тренд треба дополнително да се забрза со цел зајакнување на одбранбените способности на државата. Информациите објавени од севернокорејските медиуми засега не се потврдени од независни извори.Северна Кореја веќе две децении е под санкции на Обединетите нации поради својата нуклеарна програма. Властите во Пјонгјанг тврдат дека развојот на нуклеарното оружје е неопходен за заштита од надворешни закани и гарантирање на националната безбедност.Од друга страна, САД, Јужна Кореја и Јапонија оценуваат дека нуклеарната програма на Северна Кореја претставува сериозна закана за регионалната и глобалната безбедност.
Најново
Македонија
Локално
Свет
Образование
Економија
Фудбал
Ракомет
Софтвер
Сајбер безбедност
Убавина и мода
Северна Кореја планира дополнително проширување на нуклеарниот арсенал
Северна Кореја најавува ново засилување на својата нуклеарна програма, откако лидерот Ким Јонг Ун побара значително зголемување на производството на нуклеарен материјал за оружје и натамошно јакнење на арсеналот на земјата.Според државната новинска агенција КЦНА, Ким за време на посетата на нов производствен капацитет изјавил дека во изминатите пет години капацитетите на земјата за производство на нуклеарен материјал за воени цели се повеќе од двојно зголемени.Тој нагласил дека овој тренд треба...