Во изминатото деноноќие во земјава биле регистрирани шест случаи на семејно насилство, а полициските службеници лишиле од слобода три лица осомничени за дел од инцидентите.Во Струмица бил приведен 44-годишниот Б.М., откако според пријавата физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга во семејниот дом. За случајот е известен јавен обвинител.Во Скопје, 29-годишна жена од Гази Баба пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека 28-годишна жена од општина Аеродром пријавила дека сопругот ѝ упатувал закани.Во Тетово, 40-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер по прекинот на врската постојано ја следел, ја вознемирувал телефонски од различни броеви и ѝ упатувал закани кон неа и нејзиното семејство.Полицијата интервенирала и во тетовското село Корито, каде 61-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од својот син, кој му се заканувал со остар предмет и му го скршил мобилниот телефон. Осомничениот бил пронајден и лишен од слобода.Во Битола, пак, бил приведен 40-годишниот Д.Ј., по пријава дека физички ја нападнал својата 34-годишна вонбрачна партнерка.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.Шест пријави за семејно насилство, тројца завршија во притвор
Во изминатото деноноќие во земјава биле регистрирани шест случаи на семејно насилство, а полициските службеници лишиле од слобода три лица осомничени за дел од инцидентите.Во Струмица бил приведен 44-годишниот Б.М., откако според пријавата физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга во семејниот дом. За случајот е известен јавен обвинител.Во Скопје, 29-годишна жена од Гази Баба пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека 28-годишна жена од општина Аеродром пријавила дека...
Во изминатото деноноќие во земјава биле регистрирани шест случаи на семејно насилство, а полициските службеници лишиле од слобода три лица осомничени за дел од инцидентите.Во Струмица бил приведен 44-годишниот Б.М., откако според пријавата физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга во семејниот дом. За случајот е известен јавен обвинител.Во Скопје, 29-годишна жена од Гази Баба пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека 28-годишна жена од општина Аеродром пријавила дека сопругот ѝ упатувал закани.Во Тетово, 40-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер по прекинот на врската постојано ја следел, ја вознемирувал телефонски од различни броеви и ѝ упатувал закани кон неа и нејзиното семејство.Полицијата интервенирала и во тетовското село Корито, каде 61-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од својот син, кој му се заканувал со остар предмет и му го скршил мобилниот телефон. Осомничениот бил пронајден и лишен од слобода.Во Битола, пак, бил приведен 40-годишниот Д.Ј., по пријава дека физички ја нападнал својата 34-годишна вонбрачна партнерка.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.