Берово наскоро ќе добие нов станбено-деловен комплекс, зад чија најава стои познатата македонска модна дизајнерка и претприемачка Елена Лука.
Планираниот проект предвидува изградба на три станбени згради со околу 122 станови и вкупно 1.300 квадратни метри деловен простор. Комплексот е предвиден на улицата „Жан Кофол“ во Берово.
Инвестицијата, кој ќе се реализира според најавените планови, би можел да донесе нови можности за домување, но и дополнителни деловни содржини во градот, придонесувајќи за неговиот урбан развој.
Повеќе информации за проектот се очекува да бидат објавени во наредните денови, кога е најавено и неговото официјално претставување.
Во продолжение погледнете го видеото во кое Елена Лука го најавува новиот проект во Берово.
The post Сериозна приватна инвестиција во Берово, Елена Лука го најавува новиот проект appeared first on Скопско ЕХО.