Холивудскиот актер Колин Фарел ретко зборува за својот приватен живот, а уште поретко го изложува семејството на јавноста. Затоа, појавувањето на неговиот 23-годишен син Џејмс во трејлерот за новиот документарец „The Slightest Touch“ привлече особено внимание. Но зад краткиот кадар во кој актерот го држи синот во прегратка се крие многу подлабока приказна – за родителската љубов, секојдневните предизвици и потребата општеството да им овозможи достоинствен живот на лицата со попреченост.