
Седум земји членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) – Саудиска Арабија, Ирак, Русија, Кувајт, Казахстан, Алжир и Оман – во иднина ќе произведуваат 188.000 барели нафта дневно, во рамките на договореното зголемување на производството за јули оваа година.
Во заедничкото соопштение на овие земји се наведува дека зголемувањето ја одразува нивната посветеност кон стабилноста на пазарот, пренесува Ројтерс.
Организацијата ОПЕК е основана во 1960 година, а нејзини земји членки се Алжир, Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Габон, Либија, Нигерија, Ирак, Иран, Кувајт, Саудиска Арабија и Венецуела. По 2016 година и големиот пад на цените на нафтата, ОПЕК потпиша договори со уште 10 земји производители на нафта: Русија, Азербејџан, Бахреин, Брунеј, Бразил, Казахстан, Малезија, Мексико, Оман, Јужен Судан и Судан, со што беше создадена организацијата ОПЕК+.
Целта на организацијата ОПЕК е да обезбеди стабилизација на пазарот, како и ефикасна, економична и редовна испорака на горива.