На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска. Кај сите хоспитализирани има вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Симптомите се висока температура, силна главоболка, дезориентираност, нарушена свест – информираше директорот на Клиниката, Фадил Цана.

76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка. Тој не патувал надвор од државата, додека другите шест лица, на возраст над 60 години, се во стабилна здравствена состојба и само едно лице од нив претходно патувало во Грција.

Хоспитализираните заразата ја добиле од инфициран комарец, периодот на инкубација вообичаено трае од три до 14 дена по каснувањето, а повеќето поминуваат и без да знаат за присуството на вирусот.

The post Седум лица заболени од западнонилска треска хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје appeared first on Прва Скопска ТВ.