Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени за злоупотреби поврзани со јавни набавки и коруптивни дејствија, а за сите е побарана мерка притвор.Обвинителката Искра Хаџи Василева, која постапува во предметот во кој е опфатен и поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев, изјави дека истрагата се наоѓа во почетна фаза, но дека досега обезбедените докази ја оправдуваат потребата од најстрогата мерка.„Обвинителството отвори истрага за четири лица кои ги товариме за постапки со јавни набавки, како и коруптивни дејствија. Рана е фазата на истрагата. Досегашните сомневања, квалитетот на доказите и вкупните околности ни налагаат да одиме со предлог за притвор, која иако е најстрога мерка, се чини оправдана“, изјави Хаџи Василева.Таа посочи дека одбраната на осомничените покажала активен пристап во постапката и дека се разгледува можноста за понуда на гаранции.„Имавме проактивен однос од одбраната на сите осомничени, па одбраната размислува за понуда за гаранции. Кратки се роковите, не знаеме судот што одлучил. Значајно е ваквото размислување. Криминалитетот е финансиски, дава основа за размислување во таков правец“, рече обвинителката.Според неа, истрагата продолжува и во овој момент постојат причини за загриженост дека осомничените би можеле да влијаат врз постапката или да се обидат да избегаат.„Во овој момент се плашиме од влијанија кон постапката и бегство“, изјави Хаџи Василева.За случајот се води истрага за сомнежи за незаконитости во јавни набавки и коруптивни дејствија, а конечната одлука за евентуален притвор треба да ја донесе Кривичниот суд.Се стравува дека Богоев може да избега и да влијае на сведоци, па затоа се бара притворот: ако обезбедат гаранции, може да бидат и на слобода
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени за злоупотреби поврзани со јавни набавки и коруптивни дејствија, а за сите е побарана мерка притвор.Обвинителката Искра Хаџи Василева, која постапува во предметот во кој е опфатен и поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев, изјави дека истрагата се наоѓа во почетна фаза, но дека досега обезбедените докази ја оправдуваат потребата од најстрогата мерка.„Обвинителството отвори истр...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени за злоупотреби поврзани со јавни набавки и коруптивни дејствија, а за сите е побарана мерка притвор.Обвинителката Искра Хаџи Василева, која постапува во предметот во кој е опфатен и поранешниот директор на Царинската управа Стефан Богоев, изјави дека истрагата се наоѓа во почетна фаза, но дека досега обезбедените докази ја оправдуваат потребата од најстрогата мерка.„Обвинителството отвори истрага за четири лица кои ги товариме за постапки со јавни набавки, како и коруптивни дејствија. Рана е фазата на истрагата. Досегашните сомневања, квалитетот на доказите и вкупните околности ни налагаат да одиме со предлог за притвор, која иако е најстрога мерка, се чини оправдана“, изјави Хаџи Василева.Таа посочи дека одбраната на осомничените покажала активен пристап во постапката и дека се разгледува можноста за понуда на гаранции.„Имавме проактивен однос од одбраната на сите осомничени, па одбраната размислува за понуда за гаранции. Кратки се роковите, не знаеме судот што одлучил. Значајно е ваквото размислување. Криминалитетот е финансиски, дава основа за размислување во таков правец“, рече обвинителката.Според неа, истрагата продолжува и во овој момент постојат причини за загриженост дека осомничените би можеле да влијаат врз постапката или да се обидат да избегаат.„Во овој момент се плашиме од влијанија кон постапката и бегство“, изјави Хаџи Василева.За случајот се води истрага за сомнежи за незаконитости во јавни набавки и коруптивни дејствија, а конечната одлука за евентуален притвор треба да ја донесе Кривичниот суд.