
Четири лица се уапсени во Грција под сомнение дека со измама влегувале во домовите на граѓани, претставувајќи се како вработени во компанија за дистрибуција на електрична енергија, а потоа ги ограбувале.
Осомничените, на возраст од 20 до 39 години, според грчките медиуми, со измамите се стекнале со плен вреден над 227.000 евра.
Како што објави „Ekathimerini“, четворицата управувале со лажен телефонски центар во Западна Грција и користеле нерегистрирани телефонски броеви за да ги контактираат своите жртви.
Тие најпрво им се јавувале на граѓаните и ги убедувале дека во нивните домови постои проблем со електричната инсталација. Потоа им давале детални инструкции да ги соберат парите и накитот и да ги остават во една просторија, по што требало да се префрлат во друга.
Токму тогаш, според истрагата, нивни соучесници влегувале во домовите и ги краделе вредните предмети.
Полицијата досега расчистила еден случај на разбојништво и 15 кражби, а истрагата продолжува.
The post СЕ ПРЕТСТАВУВАЛЕ КАКО ЕЛЕКТРИЧАРИ, ПА ВЛЕГУВАЛЕ ВО ДОМОВИТЕ Четворица уапсени во Грција, пленот над 227.000 евра appeared first on plusinfo.mk.