Претседателот на стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ Јован Димитровски очекува конкретни договори за соработка меѓу македонски и грчки ИТ компании, по завршување на денешниот Форум за информатичко комуникациски технологии.

-Многу македонски компании имаат соработка со грчки компании и во делот на европски финансирања и тука очекуваме конкертни проекти. Прв пат организираме ваков Форум со македонски и грчки бизнис компании. Целта е да споделиме конкретни искуства и конретна соработка. Ќе имаме конкретни договори на кои ќе работат компаниите од двете држави. Ќе следи меморандум за соработка межу МАСИТ и грчката асоцијација СЕТПЕ за ИТ индустријата и ќе ја формализираме соработката, изјави Димитровски.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски кој го отвори Форумот на македонските и грчките ИТ компании, рече дека Грција е еден од нашите клучни економски и трговски партнери и и дека соработката меѓу МАСИТ и трговските организации од Грција е од особено значење.

-Ме радува што има повеќе од 100 учесници.  Ќе се разговара за конкретна соработка којашто е насочена на прашања поврзани со пренос на знаења, потенцијални заеднички вложувања. Од таа гледна точка, Владата е максимално фокусирана не само на поддршка на ваквите процеси, туку и на нивна стимулација, изјави Муцунски.