
„Сè е прекрасно во Шпанија, но едно нешто ми го расипа одморот“: Нашата позната инфлуенсерка видно разочарана
Шпанија е една од омилените туристички дестинации, позната по сончевите плажи, прекрасните пејзажи и опуштениот медитерански начин на живот. Но за македонската модна инфлуенсерка Марија Илиев, позната како Марис, неодамнешното патување во Марбеља не поминало без разочарување. Иако уживала во одморот, едно нешто особено ѝ пречело – односот на локалното население кон туристите.
