
Потребни се нови знаења. Кој овде разговара за тоа ….?
Еве да видиме дали во Македонија се разговара за тоа кои се новите професии денес? Што светот бара од поединците? Како вештачката интелегенција ги менува нашите животи? Гледаме ли дека ако пред само пет до десет години ништо не не интересираше, ниту на Балканот, ниту во светот (сами на себе си бевме доволни), денес веке не е така – оти дневно сме затрупани со вести од светот кои ги дефинираат и нашите животи.
Aко не ти се допаѓа платата во Македонија бре оди и не „цмиздри„ … Оди во Германија најди работа за 2500 до 3000, 4000, 5000 евра и си го решил проблемот … Оди да те видам … направи го тој чекор. Како што прават многумина од нас. Тоа е вистинска храброст и дрскост. На тие им кажувам јавно браво … Отишле да работат и да заработат.
А не овде ќе чмаат со по пет еспреса по кафичи на секои два саата. Дома топол ручек од баба му, па вести на секои пола саат, измегу македонски народни приказни, па едно саат време пцуење и по вмро дпмне, и по сдсм, и по Албанците и нивните партии … Аха ке заборавев низ целиот ден и казина и кладилници … зелка салата и лоша брља по кафани …

ОК … што можеш ли да изработиш повеке и поквалитетно? Не знаеш… Отказ! Оди и ако најдеш за ова што го бараш овде – 1500 евра, викни ме и мене. Излези, на пазарот, најди во друга фирма поголема плата! Вреднувај се – пробај се и немој да чекаш твоите неспособности, вишокот време оти не работиш доволно, твоето отсуство на квалификации оти си бил мрзлив во животот да ти ги плаќа некој на кој главата му „чури„ врзувајки крај со крај во своите месечни бизнис планови. И уште твоите проблеми што си му ги ставил на грб. А, на грб ја носи и целата држава која, за жал сеуште му е „класен непријател„!
Има и уште нешто … Ако си толку сигурен дека толку вредиш во оваа фирма – излези од компанијата, направи иста таква компанија и „уби„ го твојот претходен газда на пазарот!?
Околу 2 милијарди евра е прометот во казината и кладилниците во Македонија и во се што е игра на среќа секоја година. Па дали сте вие нормални? И дали е нормална државата што ова го толерира. Оти од својот граѓанин создава вистински идиот – корисен само за избори! Решете го тоа бре! Или одете си деца … По нови знаења и вештини!
Ако ова погоре го разбирате тогаш престанете да пимплате со темите од типот „минималната плата„ и „потрошувачката кошничка„ … Тоа е срамота. Каков колосален губитнички менталитет!
Престанете да плачете за минимална плата!
Прелистував деновиве со што се се занимавала македонската јавност пред една година и налетав на минималната плата на работниците … кои во меѓувреме стивнаа некако. Таа тема издиша. Се сеќавате ли како пред една година од Бизнис конфедерацијата на работодавачи одобруваа зголемување на минималната плата, но само ако државата помогне околу придонесите!? Ај што темата издиша, туку никој од професори до политичари не даде јавно одговор на моето прашање во јавноста – нели платата е пазарна категорија?
Од друга страна нели ќе земевме силен залет со 1 милијарда евра од Унгарија и ке ги пореметевме со нашиот „огромен„ економски развој сите економии околу нас? Се пореметија да, од кеш … само некои фирми блиски на власта по долината на Вардар. Во таа маса на трансфери, и мочуриште на очекувања кај „талогот„ се издиша и темата за платите. Ако не ви текнува што е со ова прашање …!?
Оттука, темата не треба да биде минималната плата во економијата. Вистинското прашање е дали има општ раст на платите што е резултат на добри проекти за кои е лапнато евтини кредити. И дали со тие кредити се стартувани добри проекти кои ке генерираат потреба од работници со големи вештини кои ке бидат високо платени.
До Владата …. Срамота е да се пазарите за минималец, во услови кога се задолжувате со унгарскиот кредит од 1 милијарда евра (само за компаниите), оти демек „милионските проекти со години ви стоеле во фиоки„ (во најголем дел брутална лага). Инаку ова го кажува полтрон – еден „тешкаш„ од она што кај нас носи назив „лесна и примитивна олигархија„ (истото му го зборуваше и на Груевски, па и на Заев своевремено, сега и на Мицковски а всушност цело време се врти околу премиерите помогнат од разни коморџии и чека да изглода некоја фрлена коска).
Во меѓувреме олигарсите по долините на Пчиња, Брегалница и Вардар љубат да се заигруваат низ премиерските кабинети и на други места во државата? Имаат ли тие елементарно достоинство? Во услови кога тој „куп„ компании лапнаа повеке од 250 милиони евра евтини кредити да трошите време да се занимавате со минималецот, и да барате и други концесии од државата!? Па дајте бре пари за поголеми плати. Ако нема продуктивност, зголемете тоа платите, а намалувајте број на вработени.
Ако сте профитабилни и топ за да земете од унгарскиот кредит (како што наводно стои во условите) сигурно имате и да корегирате минималец! Ако имате визија, и стратешки планови за инвестиции на овие кредити, вие сега би требало ова барање едноставно да го усвоите со назнака „позитивен одговор„ се разбира, и да одмавнете со рака, и да биде чекирано за завршена работа.
Млад човек да размислува за минимална плата е губитничка позиција!
Денес работник кој се бори во компанијата за минималец од 400 евра најверојатно не е потребен во организацијата!? Ако веке дошло до тоа да зборуваме за минимална плата, заклучокот е дека ниту него ке го усреки минималната плата, ниту инвеститорот сопственик ке биде срекен со тој работник. Тоа е мачна дискусија.
Никој во фирма денес не држи неважен работник, а притоа и скапо платен. Напротив секојдневно истите тие работодавачи кои од по ресторани не можете да ги соберете по пет саати дневно, е токму тие преку неделата ке ви кажат дека се потпираат на добри менаџери, технички инженери, добри и вредни работници со нели минимум 51% добрина и искреност во карактерот! Да во македонските компании има силни професионалци. Платени се одлично затоа што заслужуваат. Полни се со знаење и мотив. Што не може да се каже за јавната администрација секако.
Знаете ли воопшто дека во Македонија има стотици и стотици компании мали, средни, големи како сакате (нашите компании во суштина сите се мали) … каде работниците земаат и над 1000 и 1500 евра плата. Минимална не испод 40.000 денари. Познавам фирма овде каде просечната плата е 1600 евра. Познавам фирма во Белград каде просечната плата е 2000 евра!?
Што сакам да кажам …? Не можете платите да ги дефинирате од ракав. Платата е производ на продуктивноста, производството, производот, брендот, маркетинг истражувања, дефинирање на пазари, продажба, менаџмент, инвестиции, барање финансии … Сме се запрашале ли што знаат работницитете во Македонија за овие теми? Или колкав дел од нив имаат свесност за овој тип на предизвици? Кој овде зборува за продуктивноста? Зошто да ти ја зголемам платата? Што е додадена вредност на операцијата што ти ја работиш?
Подобро е инвестиротот или директорот да инвестираат во вештините на работникот, со однапред изразена негова волја. Во неговото потребно образование и едукација. Дајте му вештини како работодавач да може да заврши работа. Не за минималец, туку доведете го до ниво да треба да му дадете 1000 евра плата! За да имате корист од него. Зошто би ви бил потребен ако не е така. Ова е како треба работодавачот да размислува.
Како треба работникот да размислува?
Еве вака: Мојата плата треба да биде 1000 евра. Не … 1500 евра плата? Работодавачот ке го праша зошто? Овој нема да знае сигурно да одговори оти ке се вади на синдикалната кошничка – многу поскапела! Аха, значи немаш да јадеш? …
Епа лажеш!
ОК … што можеш да изработиш повеке и поквалитетно? Не знаеш… Отказ! Оди и ако најдеш за ова што го бараш овде – 1500 евра, викни ме и мене. Излези, на пазарот, најди во друга фирма поголема плата! Вреднувај се – пробај се и немој да чекаш твоите неспособности, вишокот време оти не работиш доволно, твоето отсуство на квалификации оти си бил мрзлив во животот да ти ги плаќа некој на кој главата му „чури„ врзувајки крај со крај во своите месечни бизнис планови. И уште твоите проблеми што си му ги ставил на грб. А, на грб ја носи и целата држава која, за жал сеуште му е „класен непријател„!
Има и уште нешто … Ако си толку сигурен дека толку вредиш во оваа фирма – излези од компанијата, направи иста таква компанија и „уби„ го твојот претходен газда на пазарот!?
Ви текнува …!?
Не гледам дека докторите сега нешто трпат … Одат во приватна болница. Одат и во Германија. Одат и во Дубаи каде земаат и по 10.000 евра месечно, па и повеке. Па нема да чекаат просекот во Македонија да им кажува како треба. И после мала им била платата. А во суштина, социолошки погледнато, вистината е дека македонскиот човек малку работи, уште помалку мисли, а многу сака да се “курчи„. Е … „курчењето кошта„.
Ова секако не важи за овие што ептен промашиле во јавјната администрација. Тие пак најмногу се „курчат„. А всушност станува збор за едно општо празно место. Нив набргу ке ги прегази времето и вештачката интелегенција. Елон Маск ке ги реши сите глобално. Брзо ке дојде денот кога на македонската јавна администрација нема да може да им помогне ни нивниот главен работодавач и газда – државата и партиите во позадина. Тука нема спас …
The post Сè е овде на глава! first appeared on КАПИТАЛ.
The post Сè е овде на глава! appeared first on КАПИТАЛ.