Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини утрово е зголемен, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Најголема фреквенција на возила има на граничниот премин „Богородица“, каде што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, според информациите на АМСМ, засега нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да возат внимателно, да ја прилагодат брзината на условите на патот и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, особено поради зголемениот број возила во екот на летната сезона.

The post СЕ ЧЕКА ОКОЛУ 40 МИНУТИ ЗА ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА Најголеми гужви утрово на ГП „Богородица“ appeared first on plusinfo.mk.