
„И водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје. Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница. Пет населени места за краток период. Пет пати истата приказна. Пет пати истата одговорност. Дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника“, прашуваат од „Бихаќка“.
Оттаму ја обвинија власта дека „ја уништија економијата, ја изолираа земјата, го приватизираа правосудството, го поделија народот, а сега го трујат и со вода“.
„Додека тие се занимаваат со базени, билборди и нови министри, граѓаните добиваат вода што не смеат да ја пијат. Уште колку градови треба да бидат затруени за министерот за здравство и институциите под негова надлежност да преземат одговорност? Ќе покрене ли Савески кривична постапка против одговорните, наместо да ги крие резултатите од анализите на водата, или чека повик од Мицкоски“, прашуваат од СДСМ.
Месната заедница на село Дворци, населено место во Општина Пласница, известува дека водата во селото е санитарно неисправна за пиење.
Оваа констатација, се додава во соопштението е потврдена со Извештај од Центарот за јавно здравје Прилеп, кој утврдил дека водата не е здравствено исправна поради наод на бактерии од цревно потекло и не смее да се користи за пиење без претходно вриење од 10 минути.
„Микробиолошката анализа покажува дека примерокот не ги исполнува барањата за безбедност на водата за пиење. Во извештајот се евидентирани 34 cfu/100 ml вкупни колиформни бактерии и 3 cfu/100 ml Escherichia coli, што значи дека водата не е соодветна за пиење без претходно вриење.