
Унгарскиот „Икарус“ повторно победи на тендерот за електрични автобуси во Скопје. Скопјани ќе се возат во автобуси што се поскапи за околу 8.000 евра по парче во споредба со претходниот тендер. Според СДСМ, зад „Икарус“ стои Габор Селеш – долгогодишен и отворен поддржувач на Виктор Орбан.
-Јавно го фалеше Орбан, и ги финансираше и организираше про-орбановите маршеви, а политички е близок со Фидес уште од 2000-дите. Фирмата е дел од пошироката мрежа на бизнисмени блиски до Орбан. Ова е класичен модел на соработката Орбан–Мицкоски.
Додека во Унгарија новиот премиер Петер Маѓар отвора истраги за кредитот од милијарда евра и за орбановите зделки, кај нас истиот круг продолжува да лапа тендери. Поскапи автобуси за граѓаните, а истите врски остануваат недопрени, велат од СДСМ за последниот тендер за автобуси.
Унгарската компанија „Укарус електрик зрт“ (IKARUS Electric ZRT) заедно со австриската ЕВН (EVN) дале најповолна понуда на денешната електронска аукција по повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 страниции за полнење, соопшти вчера Министрството за транспорт.
Како што информираат од Транспрот, првите 30 електрични автобуси и станици за полнење најповолниот понудувач ќе треба да ги испорача во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот. Потоа треба да испорачаат 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од дванаесет месеци од денот на склучување на договорот и исто толку електрични автобуси и станици за полнење во рок не подолг од осумнаесет месеци од денот на склучување на договорот.