
„Орбан изгуби по 16 години. Вучиќ по 14 години. Двајцата паднаа од власт во истата година. Сега се среќаваат и велат „ќе се вратиме“. Народот во Унгарија и во Србија веќе ги испрати. Тоа е ист модел. Медиумски мрак. Контрола на институции. Каса што се преклопува со партија“, порачуваат од СДСМ преку денешното соопштение.
Тврдат дека Македонија е во истиот синџир и дека двоецот Орбан-Вучиќ држат голем дел од медиумскиот простор и тука.
„Околу 40 проценти од онлајн медиумите и дел од телевизиите се поврзани со тој круг. Латас, Ивона, портали што ја носат матрицата. Сега се додаваат и српски медиуми што добија можност да работат иако не се регистрирани.
Мицкоски не дојде сам. Дојде со таа мрежа. Медиуми што го носеа, финансиска поддршка, сателити што му прават алиби. ЗНАМ прва верзија, Левица како Спутник, Платформа-ЗНАМ 2.0 за 1,6 милиони. Сите на далечинско“, додаваат, меѓу другото, од СДСМ, додавајќи дека кога народот ќе ја врати власта во свои раце, касата ќе се отвори кај граѓаните.
„Бандата ќе одговара. Не пред телефон. Пред независно судство и европско обвинителство. Доаѓа време на вистина и правда. За Орбан и Вучиќ тоа започна полека. Арамијата е следен“, стои во партиското соопштение.