СДСМ преку соопштение обвини дека ВМРО-ДПМНЕ се повикува на доверливоста на истрагата за случајот со труењето во Гостивар, наместо да понуди одговори за, како што велат, доцнењето во информирањето на јавноста и утврдувањето на одговорноста.

Од партијата велат дека премиерот Христијан Мицкоски, кога станува збор за политички противници, јавно зборува за истраги и одговорност, но дека во случајот со Гостивар „одеднаш нема чувство“ и се повикува на доверливоста на постапката.

СДСМ тврди дека информациите за труењето на граѓаните во Гостивар биле криени од јавноста пет дена и дека институциите, според нив, не реагирале навреме.

The post СДСМ обвини за прикривање на информациите за епидемијата во Гостивар appeared first on Прва Скопска ТВ.