
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во партиско соопштение реагира дека цените на горивата бележат раст втора недела по ред, додека Владата најавува дека на седница во понеделник ќе одлучува за евентуални мерки.
Од најголемата опозициска партија оценуваат дека граѓаните повторно се соочуваат со неизвесност поради новите поскапувања, обвинувајќи ја Владата дека не презема навремени чекори за ублажување на растот на цените.
„Затоа што кај оваа влада веќе стана правило: кога Мицкоски најавува „мерки за поевтинување“ – сите знаат дека следува поскапување“, наведуваат од СДСМ.
Според Социјалдемократите, растот на цените на горивата директно се одразува и врз трошоците за живот, при што, како што посочуваат, потрошувачката кошница продолжува да расте, додека минималната плата стагнира.
„Граѓаните повеќе не веруваат во најави. Веруваат само во сметките што ги плаќаат“, се наведува во соопштението на СДСМ.