Mинистерството за транспорт бара јавното обвинителство да реагира по наводите изнесени во ревизорските извештаи за Македонски железници инфраструктура и за Македонски железници транспорт кои се однесуваат за работењето на државната компанија во 2024 година.

– Апелираме јавното обвинителство и надлежните институции да ги проверат наодите на Државниот завод за ревизија каде се нотираат клучни проблеми  и апелираме да постапат по овие извештаи – велат од министерството за транспорт.

Според него, Државниот завод за ревизија по службена должност треба да ги испрати извештаите до надлежните институции, а истите во целост ќе бидат испратени и до Јавното обвинителство.

Оттаму наведуваат дека ревизорските извештаи се изготвени на барање на актуелните раководства за проверка на периодот во кој со претпријатијата раководеле кадри на СДСМ и на ДУИ.  Двете јавни претпријатија веќе ги примиле ревизорските извештаи во кои се нотирани клучни проблеми и за истите веќе се преземени мерки.

– Сметаме дека врз основа на аномалиите кои се нотирани во извештајот и клучните проблеми кои биле игнорирани од претходните раководства, јавните претпријатија биле доведени на раб на пропаст и нивно целосно уништување – велат од Министерството за транспорт.

The post СДСМ И ДУИ ГИ ДОВЕДОА НА РАБОТ НА ПРОПАСТ ДРЖАВНИТЕ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА Николоски бара обвинителството да постапи по наодите на ревизорот appeared first on plusinfo.mk.