По повод Меѓународниот ден на шахот, денес на платото „Млечен“ се одржа „Шаховско утро“ – настан што обедини љубители на шахот од различни генерации, информираа од Општина Карпош.
Учесниците имаа можност да одиграат пријателски партии, да разменат искуства и да уживаат во пријатна атмосфера. Интересот и играта на присутните уште еднаш потврдија дека шахот е игра која развива стратегија, концентрација и меѓусебна почит.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој им се придружи на шахистите и ја истакна важноста од поддршката на спортските и рекреативните активности што ги поврзуваат граѓаните.
The post Шаховско утро во Карпош за љубителите на шахот од сите генерации appeared first on Прва Скопска ТВ.