
Министерството за внатрешни работи доставило видео снимки до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот за сомневањата за шпонирање во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Државниот јавен обвинител на брифингот со новинарите Ненад Савески рече дека засега нема повеќе детали за случајот, бидејќи обвинителката е службено отсутна.
Од ОЈО ГОКК претходно објавија дека пет месеци водат предистражна постапка за сомневања за нелегални активности во Кабинетот на претседателката.
-Специјалната истражна единица ОЈО ГОКК, по добиено известување на 18.12.2025 година од Министерството за внатрешни работи – Сектор за сајбер криминал, кое беше поврзано со настан што се случи на 24.11.2025 година и постоење на индиции за нелегални активности од висок државен интерес, истиот ден отвори предистражна постапка и беа преземени сите потребни мерки согласно законските овластувања, објавија од Обвинителството.
Од обвинителството тогаш објаснија дека, како дел од постапката, до Основниот кривичен суд беше поднесено барање за издавање наредба за контрола на компјутерскиот систем, за да се утврди содржината за која постои сомневање дека е копирана без овластување од информацискиот систем во Кабинетот на претседателот.
Обвинителството се пожали дека со месеци од МВР чекааат податоци од направените анализи за овој случај.
-Издадени се и наредби за извлекување на податоци од персонални компјутери и лаптопи доставени до МВР од страна на Кабинетот на претседателот, изјавија претходно од Обвинителството.
Е.Б.