Државниот јавен обвинител нема да постапува по претставката на ЕСМ да се преиспита постапката во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал како е водена истрагата за случајот „Мазут“, се додека трае постапка за овој случај во второстепена комисија во Вишото Јавно обвинителство.

Според Државниот јавен обвините Ненад Савески за случајот за спорните набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, кој ОЈО за ГОК одлучи да ја прекине истагата и да не покрене обвинение, контрола на постапката нема да има додека трае постапката по приговорот на ЕСМ во Вишото јавно обвинителство.

Тој објасни дека за триесетина дена ќе се знае дали Вишото јавно обвинителство ќе ја потврди одлуката на обвинителката Катерина Коларевиќ да ја прекине истрагата за случајот за спорни набавки од 167 милиони евра. Доколку Вишото јвно обвинителство одлучи да се продолжи истрагата, тоа повторно ќе биде кај истата обвинителка.

-Официјално е побарано од ЕСМ да се направи контрола, но тоа ќе го направиме откако Вишото јавно обвинителство ќе донесе одлука по приговорот. Принципелно ја поддржувам одлуката на обвинителката да не поднесе обвинение ако нема доволно докази, отколку да се оди на суд и таму да се даде ослободителна пресуда. Обвинителството секако може повторно да ја почне постапката ако има нови докзи, рече Савески на брифингот со новинарите.

Осомничени во истрагата на ЈО за ГОК беа правното лице РКМ и неговите сопственици Ратко Капушевски и Ерѓан Сулкоски, и Асмир Јахоски од „Пуцко Петрол“. Истрагата беше прекината по 14 месеци истражување, а од Обвинителството појаснија дека тоа е така бидејќи немаат доволно докази и дека од државната ЕСМ не добиле изјава за претрпена штета. Од АД ЕСМ ова одлука ја обжалија до Вишото јавно обвинителство.

Во случајот со спорните набавки на мазут беше покрената и истрага во делот дали е користен неквалитетен мазут кој ја зарозува животната средина, а мостри беа испратени на вештачење во Србија. Савески рече дека обвинителството испратило официјални барања до факултетите во земјава и управата за животна средина за да се најде стручњак кој ќе ги протолкува резултатите од вештачењето во Србија и дека засега нема одговор.

Е.Б.