Со договор за значителна годишна финансиска поддршка од 1 милион евра, Новоматик Македонија и во следната фудбалска сезона останува генерален спонзор на ФК Вардар.

Продолжувањето на договорот беше официјализирано на прес конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на Новоматик Македонија, капитенот на ФК Вардар, Горан Закариќ, како и други членови на компанијата и клубот.

„Во Новоматик Македонија во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, сме многу горди што ги подржавме амбициите на најтрофејниот македонски клуб кога беше најтешко и кога ФК Вардар требаше да се подигнува од амбисот. Уште повеќе што нашата повеќегодишна соработка ја крунисавме со нова титула на ФК Вардар. Денес, заедно со капитенот, Горан Закариќ, објавуваме дека светскиот шампионски бренд во игрите на среќа ја продолжува поддршката на македонскиот фудбалски шампион Вардар! Патот до спортскиот успех на ФК Вардар беше тежок, но ние никогаш не престанавме да веруваме. Како што сега веруваме дека следуваат уште многу блескави спортски успеси“, изјави на прес конференцијата по повод продолжувањето на договорот, г-динот Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.