Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, информираше дека општинските служби констатирале вандалски чин врз новопоставената урбана опрема во Градскиот парк.Тој остро ги осуди сите дејствија насочени кон уништување на јавниот имот, нагласувајќи дека урбаната опрема е наменета за користење од страна на граѓаните и е набавена со средства обезбедени од нив.„Остро го осудувам секој вандалски чин и секое дејствие насочено кон уништување на урбаната опрема поставена во Градскиот парк или на кое било друго јавно место“, порача Костадиновски.Тој апелираше до граѓаните да придонесат за зачувување на јавната инфраструктура и да се воздржат од нејзино оштетување, потсетувајќи дека ваквите постапки предизвикуваат материјална штета и се казниви согласно закон.Градоначалникот ја охрабри јавноста да ги пријавува сите случаи на вандализам до надлежните служби на Општина Виница, посочувајќи дека инспекциските служби ќе спроведуваат вонредни контроли и ќе постапуваат во рамки на своите надлежности.Воедно, информираше дека службите на Општина Виница и ЈП „Солидарност“ веќе работат на санација и замена на оштетената урбана опрема со нова, во интерес на сите граѓани.Костадиновски упати и апел до Министерството за внатрешни работи да воспостави редовни контроли на оваа локација, со цел спречување на ваквите вандалски дејствија и соодветно санкционирање на сторителите.Само што беше поставена, веќе е искршена: Вандали го демолираа Градскиот парк во Виница
Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, информираше дека општинските служби констатирале вандалски чин врз новопоставената урбана опрема во Градскиот парк.Тој остро ги осуди сите дејствија насочени кон уништување на јавниот имот, нагласувајќи дека урбаната опрема е наменета за користење од страна на граѓаните и е набавена со средства обезбедени од нив.„Остро го осудувам секој вандалски чин и секое дејствие насочено кон уништување на урбаната опрема поставена во Градскиот парк или...
Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, информираше дека општинските служби констатирале вандалски чин врз новопоставената урбана опрема во Градскиот парк.Тој остро ги осуди сите дејствија насочени кон уништување на јавниот имот, нагласувајќи дека урбаната опрема е наменета за користење од страна на граѓаните и е набавена со средства обезбедени од нив.„Остро го осудувам секој вандалски чин и секое дејствие насочено кон уништување на урбаната опрема поставена во Градскиот парк или на кое било друго јавно место“, порача Костадиновски.Тој апелираше до граѓаните да придонесат за зачувување на јавната инфраструктура и да се воздржат од нејзино оштетување, потсетувајќи дека ваквите постапки предизвикуваат материјална штета и се казниви согласно закон.Градоначалникот ја охрабри јавноста да ги пријавува сите случаи на вандализам до надлежните служби на Општина Виница, посочувајќи дека инспекциските служби ќе спроведуваат вонредни контроли и ќе постапуваат во рамки на своите надлежности.Воедно, информираше дека службите на Општина Виница и ЈП „Солидарност“ веќе работат на санација и замена на оштетената урбана опрема со нова, во интерес на сите граѓани.Костадиновски упати и апел до Министерството за внатрешни работи да воспостави редовни контроли на оваа локација, со цел спречување на ваквите вандалски дејствија и соодветно санкционирање на сторителите.