Само девет од вкупно 62 локомотиви на ЖРСМ Транспорт се во функција, а акумулираните загуби на друштвото достигнале 6,75 милијарди денари, односно околу 109 милиони евра. Ова го покажува ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на претпријатието во 2024 година.Ревизијата утврдила повеќе слабости во управувањето со средствата, возниот парк, имотот, залихите, трошоците и приходите. Покрај деветте функционални локомотиви, од 16 патнички гарнитури во функција се само пет, д