Нискиот опфат со вакцинација против морбили и зголемениот број заболени во регионот создаваат ризик од нова епидемија во Македонија, предупредува директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска. Во земјава досега се регистрирани пет случаи на мали сипаници, а само 62 отсто од населението е опфатено со вакцинација.Андоновска предупредува дека ваквиот процент не обезбедува доволна заштита од ширење на вирусот, кој е меѓу најзаразните вирусни заболувања. Дополнителна загриженос