Поранешниот шпански фудбалер Жерар Пике дојде на финалето на Светското првенство во Њујорк за да ја бодри својата репрезентација. Тој беше дојден со синовите Милан и Саша кои ги има со пејачката Шакира, а снимките од нивното пристигнување брзо ги преплавија социјалните мрежи.

Многумина беа изненадени поради тоа што поранешната ѕвезда на Барселона влегува на стадионот заедно со илјадници навивачи, наместо низ ВИП влезот и се пробива низ огромната толпа навивачи со своите деца.

Камерите ги уловија и подоцна, на трибините, додека го следеа настапот на Шакира која беше една од главните ѕвезди на програмата за време на полувремето на натпреварот, а видеото брзо стана вирално.

Додека децата се одлично расположени и гласно пеат додека настапува нивната мајка, Пике има сериозен израз на лицето.

По ова следуваа бројни коментари на социјалните мрежи.

– Го стигна карма; Шакира секогаш ќе биде попопуларна од него; Од некои работи едноставно не можеш да избегаш – се дел од коментарите под видеото.


Инаку, Шакира и на ова првенство беше една од главните музички ѕвезди, а нејзиниот настап го следеа милијарди гледачи.

Освен неа, на полувремето настапија и Мадона, Џастин Бибер и БТС. Програмата пред натпреварот ја водеа Пост Малоун, Роби Вилијамс, Лаура Паусини, Никол Шерцингер и Џенифер Хадсон.

The post 🎥 САКАЛ НЕЈЌЕЛ ПИКЕ МОРАШЕ ДА ЈА СЛУША ШАКИРА Поранешниот фудбалер со децата го следеше настапот на пејачката на Светското првенство appeared first on plusinfo.mk.