Американската војска соопшти дека соборила повеќе ирански дронови кои се обиделе да нападнат трговски бродови што пловеле низ Ормутскиот Теснец, еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта и гас.

Според Централната команда на САД (CENTCOM), сите беспилотни летала биле уништени, а поморскиот сообраќај продолжил без прекин. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека американската морнарица спроведува специјална операција за обезбедување безбедно движење на танкерите низ теснецот.

Во меѓувреме, Вашингтон и Техеран сигнализираа дека се блиску до договор за прекин на конфликтот, а американски претставници очекуваат првичен документ да биде потпишан во наредните денови.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека рамковниот договор покажува дека Иран излегол посилен од војната, но предупреди дека Техеран ќе продолжи внимателно да го контролира сообраќајот низ Ормушкиот Теснец.

Според неофицијални информации, предложениот договор предвидува повторно отворање на теснецот и укинување на американската блокада на иранските пристаништа.

The post САД соборија ирански беспилотни летала во близина на Ормутскиот теснец appeared first on Скопско ЕХО.