Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair се најде под истрага на британскиот регулатор за конкуренција и пазари (CMA) поради таксите што им ги наплаќа на родителите за да седат покрај своите деца за време на летовите.Од CMA соопштија дека испитуваат дали политиката на компанијата е во согласност со законите за заштита на потрошувачите, бидејќи родителите вообичаено плаќаат околу осум фунти по правец за таканареченото „задолжително семејно седиште“.Според регулаторот, правилата на Ryanair предвидуваат возрасно лице да седи покрај дете на возраст од две до 11 години, но токму за обезбедување на тоа место се наплаќа дополнителен надомест. Се проверува дали на овој начин родителите плаќаат за авиокомпанијата да ги исполни своите законски обврски поврзани со безбедноста на децата и лицата со попреченост.Британските власти наведуваат дека Ryanair е единствената голема авиокомпанија што оперира од Обединетото Кралство и применува ваква практика, додека останатите превозници бесплатно обезбедуваат децата да бидат сместени покрај родителите или автоматски им доделуваат соседни седишта.Од Ryanair ја отфрлија истрагата како „лажна“ и порачаа дека нивната политика е целосно усогласена со законите. Од компанијата тврдат дека родителите плаќаат само едно резервирано седиште за возрасен, додека до четири деца на истата резервација можат бесплатно да добијат места до него.Регулаторот дополнително ќе испитува дали овие трошоци им биле јасно прикажани на патниците уште на почетокот на процесот на резервација или биле додавани подоцна како скриени надоместоци.Организацијата за заштита на потрошувачите Which? ја поздрави истрагата, оценувајќи дека родителите не треба да бидат принудени да плаќаат дополнително за да седат покрај своите деца.Доколку се утврди прекршување на законите за заштита на потрошувачите, CMA има овластување да изрече казни во висина до 10 проценти од глобалниот годишен промет на компанијата.Ryanair може да се соочи со високи казни поради спорните такси за седишта
Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair се најде под истрага на британскиот регулатор за конкуренција и пазари (CMA) поради таксите што им ги наплаќа на родителите за да седат покрај своите деца за време на летовите.Од CMA соопштија дека испитуваат дали политиката на компанијата е во согласност со законите за заштита на потрошувачите, бидејќи родителите вообичаено плаќаат околу осум фунти по правец за таканареченото „задолжително семејно седиште“.Според регулаторот, правилата на Ryanair предвидуваа...
Нискобуџетната авиокомпанија Ryanair се најде под истрага на британскиот регулатор за конкуренција и пазари (CMA) поради таксите што им ги наплаќа на родителите за да седат покрај своите деца за време на летовите.Од CMA соопштија дека испитуваат дали политиката на компанијата е во согласност со законите за заштита на потрошувачите, бидејќи родителите вообичаено плаќаат околу осум фунти по правец за таканареченото „задолжително семејно седиште“.Според регулаторот, правилата на Ryanair предвидуваат возрасно лице да седи покрај дете на возраст од две до 11 години, но токму за обезбедување на тоа место се наплаќа дополнителен надомест. Се проверува дали на овој начин родителите плаќаат за авиокомпанијата да ги исполни своите законски обврски поврзани со безбедноста на децата и лицата со попреченост.Британските власти наведуваат дека Ryanair е единствената голема авиокомпанија што оперира од Обединетото Кралство и применува ваква практика, додека останатите превозници бесплатно обезбедуваат децата да бидат сместени покрај родителите или автоматски им доделуваат соседни седишта.Од Ryanair ја отфрлија истрагата како „лажна“ и порачаа дека нивната политика е целосно усогласена со законите. Од компанијата тврдат дека родителите плаќаат само едно резервирано седиште за возрасен, додека до четири деца на истата резервација можат бесплатно да добијат места до него.Регулаторот дополнително ќе испитува дали овие трошоци им биле јасно прикажани на патниците уште на почетокот на процесот на резервација или биле додавани подоцна како скриени надоместоци.Организацијата за заштита на потрошувачите Which? ја поздрави истрагата, оценувајќи дека родителите не треба да бидат принудени да плаќаат дополнително за да седат покрај своите деца.Доколку се утврди прекршување на законите за заштита на потрошувачите, CMA има овластување да изрече казни во висина до 10 проценти од глобалниот годишен промет на компанијата.