Русија од 30 декември 2026 година ќе воведе визи за државјаните на Црна Гора, соопшти руската амбасада во Подгорица. Одлуката доаѓа откако Црна Гора најави дека од 1 ноември ќе воведе визи за руските државјани, со што завршува досегашниот безвизен режим меѓу двете земји, пренесуваат „Вијести“.Од руската амбасада порачаа дека доследно ќе го почитуваат договорот меѓу владите на Русија и Црна Гора за условите за меѓусебни патувања на државјаните. Договорот беше потпишан на 24 септември 2008 година